Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласира во третото коло на УС Опен со победа од 3:1 над Дамир Џумхур.
Петкратниот победник на њујоршкиот Гренд Слем славеше над играчот од Босна и Херцеговина со 3:6, 6:2, 6:3, 6:4 за два часа и 23 минути игра, со што го запиша својот 19-ти последователен триумф во втората рунда на турнирот.
Џумхур, кој моментно е 99-ти на АТП листата, покажа одлична игра на стартот на дуелот на Артур Еш и со првите освоени четири гема успеа да го земе сетот до Федерер, сепак, квалитетот на третиот светски рекет пресуди, иако Џумхур имаше неколку шанси за брејк.
.@rogerfederer d. Dzumhur 3-6, 6-2, 6-3, 6-4.
In his 💯th @usopen match, the 🇨🇭 improves to 19-0 in second-round clashes at the event. 🔥 #USOpen pic.twitter.com/HxGBXLy7zf
— ATP Tour (@ATP_Tour) August 28, 2019
Соодветна реакција дојде веќе во воведните гемови на вториот сет, кога Роџер дојде до 3-0 и потоа уште еден брејк во финишот на сетот.
Слична ситуација се виде и во третиот сет, Федерер повторно го одзеде сервисот на ривалот веќе во вториот гем, дојде до 3-0, а потоа без изгубен сервис го реши сетот.
Џумхур имаше шанса да се врати во седмиот гем, но пропушти три брејк топки.
Third round bound 👊
🎥: @usopen | @rogerfederer pic.twitter.com/al8fXnmFjH
— ATP Tour (@ATP_Tour) August 28, 2019
Клучниот момент од последниот сет беше виден во третиот гем – нов брејк на Швајцарецот, потоа една брејк топка зачувана, и Џумхур веќе немаше шанси да остане во мечот.
Роџер, кој последен пат славеше на УС Опен пред 11. години,во третото коло го чека победникот на дуелот помеѓу Даниел Еванс и Лука Пуј.