(ВИДЕО) НЕ СЕ ПЛАШИ ОД РАБОТА – СИМПАТИЧЕН ДЕДО (98) НЕ САКА ДА СЛУШНЕ ЗА ПЕНЗИЈА: Се вратил да работи во супермаркет, не сака паузи, а еве што им порачал на луѓето кои постојано се жалат!

Бартоломео Бени Фицето оваа недела ќе наполни 98 години, но тој не е заинтересиран за пензија.
Тој сè уште работи во продавница во Едисон, Њу Џерси, а неговата работа е да пакува намирници во ќеси.
„Мора да уживате во работата, мора да уживате во тоа што го правите. Гледам како луѓето трчат наоколу и зборуваат ‘ох, морам да одам на работа!’. Тоа е смешно“, изјавил Бени.
Бени не се жали на работата, напротив, се надева дека ќе може да работи уште една смена.

Симпатичниот старец отсекогаш работел напорно. На 19 години, тој се приклучи на војската и учествувал во Втората светска војна како пилот. Подоцна работел на неколку различни работни места и се пензионирал на 80-годишна возраст. Сепак, тој не можел да престане да работи, па пред 10 години се вработил во супермаркет. Работи две смени неделно по четири часа.

Неговиот шеф тврди дека уживаат во неговото друштво и дека тој има одлично чувство за хумор. Бени никогаш не се одмара на работа затоа што тврди дека тоа е губење време.
Бидејќи Бени е малку како локален херој, луѓето решиле да го наградат така што му приредиле забава на изненадување аа роденденот. Кога стигнал во супермаркетот, тој беше пречекан од неговите пријатели од работа кои му пееше. Изненадениот Бени им се заблагодарил на сите и по паузата, за да се послужи со торта, тој наскоро се вратил на работа затоа што „не сака паузи“.

Екран.мк/Cbsnews.com
Фото: Youtube/Printscreen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) ИСЧЕЗНАЛА ЗЛАТНАТА ВЦ ШКОЛКА: Крадци упаднале во британска палата со два камиоони и однеле експонат вреден 5. милиони долари!

Крадци украле целосно функционална 18-каратна златна тоалетна школка од британскиот дворец Бленам, каде што беше …