(ВИДЕО) На стартот рутински: Новак убедлив за минување во второто коло!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Шпанецот Роберт Карбалјас-Баин за да ја започне својата одбрана на титулата УС Опен.
Во својот прв натпревар со 76-от играч на планетата, Србинот рутински славеше во три сета за еден час и 54 минути игра – 6:4, 6:1, 6:4, со што продолжи одлична серија на триумфи во воведните рунди на њујоршкиот Гренд Слем, бидејќи досега никогаш не испаднаал пред третото коло.
На кој начин триумфираше бранителот на титулата е доволно да каже дека на противникот не му беше дозволена ниту една брејк топка во текот на целиот натпревар.

Ѓоковиќ го контролираше ритамот уште од самиот почеток, но во првиот сет не успеа да се избори за водство до финишот и последниот гем, кога единствен пат „го брејкна“ Шпанецот. Новак можеше да ја заврши работата порано, но промаши пет брејк топки, три во вториот и двево осмиот гем.
Од почетокот на вториот сет, Србинот го засили ритамот и брзо го зголеми водството на 3:0, за понатаму да го одземе сервисот на ривалот во шестиот гем и убедливо да го реши сетот.
Неговата доминација во овој период е потврдена и од фактот дека тој изгубил само еден поен на својот сервис по 15 освоени во низа.
Во третиот сет, Новак направи брејк во петтиот гем од единствената брејк топка и потоа рутински го донесе мечот до крај.
Негов ривал во второто коло ќе биде победник на натпреварот помеѓу Сем Квери и Хуан Лондер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина новинарот Тодор Пендаров – Беше жива енциклопедија

Новинарот и аналитичар Тодор Пендаров вчера по долго боледување почина во Скопје. Причината е Ковид …