(ФОТО) Вејн Руни не се смирува ниту со четири деца:„Го фатиле со мистериозна бринета!“

Како што пишуваат медиумите Вејн и Колин имаат проблем во бракот поради неговиот непримерен начин на живот. Фудбалерот тврдел дека ќе се потруди да престане да пие за да го спаси бракот.

Фудбалерот Вејн Руни (33) е познат по тоа дека сака забави, алкохол и згодни жени, а не е тајна дека неговата сопруга Колин тоа сè потешко го поднесува.

Откако пред две години беше уапсен пијан зад воланот во друштво на друга жена, сопругата едвај му го прости неверството, а Руни ѝ „заблагодари” со тоа што во февруари се појави вест дека цел викенд го поминал пиејќи и во друштво на девојка. Колин тогаш сериозно му се закани со развод, но се чини дека ни тоа не му помогнало на Руни да се „смири”.

Британскиот „The Sun” сега објави фотографии на кои се гледа фудбалерот како по целовечерното опивање влегува во хотелскиот лифт со мистериозна бринета. Како што пишува порталот, Руни заедно со своите колеги се забавувал во два клуба и пиел седум часа, а во текот на вечерта танцувал и разговарал со темнокоса убавица.

Фотографиите на кои Руни влегува во хотелскиот лифт со мистериозната девојка наводно се направени околу 5:30 часот наутро.
Инаку, Вејн Руни е во брак со Колин од 2008 година, по шестгодишна врска. Заедно имаат четири деца.

Додека Вејн е во Канада, неговата сопруга Колин (33) е во Велика Британија со децата Каи (9), Клеј (6), Кит (3) и Кас (1). Како што пишуваат медиумите Вејн и Колин имаат проблем во бракот поради неговиот непримерен начин на живот. Фудбалерот тврдел дека ќе се потруди да престане да пие за да го спаси бракот.

„Тој сака потполно нов почеток и знае дека со решавањето на ‘нездравата врска’ со шишето ќе направи добро за целото семејство“, рекол пријател на фудбалерот неодамна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КАКО МУДРИТЕ ЛУЃЕ СЕ ОДНЕСУВААТ КОН ЛИЦА КОИ НЕ ИМ СЕ ДОПАЃААТ: Што треба да кажете и да направите за да се заштитите?

Ви претставуваме техники – што да кажете ако ве нервираат, како да постапувате на работа? …