(ВИДЕО) ОВА БИЛО ЗА ВЛАКНО: Избегнал удар на молња за време на прошетка

Додека се движел по тротоарот, МекНил ненадејно бил прекинат од огромен блесок на молња, која се гледала само на неколку метри од местото каде што шетал …

Еден маж во Јужна Каролина имал среќа да остане жив откако гром удрил на местото на тротоарот по кој се шетал минатата недела.
Драматичната снимка е снимена во близина на Академијата за технологија, а ја објавил „Вашингтон пост“. Видеото го прикажува Ромулус МекНил како се шета на тротоарот за време на силен дожд, со чадор во раката.
Додека се движел по тротоарот, МекНил ненадејно бил прекинат од огромен блесок на молња, која се гледала само на неколку метри од местото каде што шетал …


Поради молњата, МекНил скокнал, го фрлил чадорот и застанал на момент. Потоа, е виден како го зема својот чадор и брзо бега во потрага по засолниште.
Според „Вашингтон пост“, кој го анализирал инцидентот, МекНил „за влакно“ избегнал удар, но веројатно почувствувал краток шок и го фрлил чадорот поради „индуцираната струја поттикната од близина на повеќе електрични канали“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КАКО МУДРИТЕ ЛУЃЕ СЕ ОДНЕСУВААТ КОН ЛИЦА КОИ НЕ ИМ СЕ ДОПАЃААТ: Што треба да кажете и да направите за да се заштитите?

Ви претставуваме техники – што да кажете ако ве нервираат, како да постапувате на работа? …