(ВИДЕО+ФОТО) ОПАСНОСТИТЕ НА ИНТЕРНЕТОТ – Била омилена на Инстаграм, но сега е откриена нејзината мрачна тајна:Врбувала малолетнички за нејзините клиенти!

Кампор Пуелјо, позната и под името Ла мадам, регрутирала вкупно 400. девојки за да ги задоволи богатите клиенти, меѓу кои имало и славни личности и политичари. Таа лично ги избирала најубавите девојки пред секоја забава која ја организирала за клиентите.
Лилијана дел Кармен Кампос Пуелјо (48), една од најпознатите Инстаграм ѕвезди во Колумбија, обвинета е дека била дел од банда која водела и организирала малолетничка проституција.
Таа наводно врбувала убави девојки од сиромашните краеви на земјата кои потоа ги нудела на богати и влијателни клиенти.
Лилијана била уапсена со уште 17 други луѓе во “Операција Веста“ која колумбиската полиција ја извела во јули 2018-та година во Картаген, градот за кој тужителите тврдат дека е центарот за детската проституција.


Во таа акција полицијата го претресла летувалиштето во сопственост на обвинетата и затекнала 250. малолетни девојки од кои некои од „сопствениците“ биле обележани со тетоважи. Девојките на клиентите им биле претставувани преку каталози и биле приморани да учествуваат во оргии на луксузните јахти и хотели.

Кампор Пуелјо, позната и под името Ла мадам, регрутирала вкупно 400. девојки за да ги задоволи богатите клиенти, меѓу кои имало и славни личности и политичари. Таа лично ги избирала најубавите девојки пред секоја забава која ја организирала за клиентите.
Кампос Пуелјо која во 2002-та година во Њујорк била осудена поради трговија со хероин се бранела со тврдењето дека сите девојки биле постари од 18. години со оглед на тоа што проституцијата со возрасни е легална во Колумбија.

„Никогаш не беа вмешани малолетнички во тоа“, тврдела таа.
Како што наведуваат локалните медиуми, Кампос Пуелјо на овој начин стекнала повеќе милионско богатство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што ја одредува СУДБИНАТА на човекот? Десет цитати од познат психолог кои можат да дадат одговор

Познат психолог открива што е тоа што, според него, ја одредува судбината на речиси секој …