(ФОТО) Овие „слатки“ девојчиња биле на работ на сиромаштијата а денес се најбогатите сестри на светот

Според биографијата на Крис Џенер, нејзиното семејство пред дваесет години едвај врзувале крај со крај. Таа се омажила за олимпискиот шампион Брус Џенер по само неколку месеци дружење, а наскоро добиле и две ќерки, Кендал и Кајли, а скромно (?) заработувале од неговата лоша кариера како мотивационен говорник додека Крис му била менаџер.
Токму во тој период настанала фотографијата која што денес 22-годишната Кајли Џенер ја објави денес на Инстаграм. „Те сакам, сестро“, напишала под објавата на нејзината постара сестра Кендал, потврдувајќи дека и покрај спротивното тврдење на таблоидите, тие сеуште сè во добри односи.

View this post on Instagram

4L ♥️♥️♥️♥️

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

Работите во тие 20 години и тоа како се смениле – Кајли и Кендал владеат со модната и медиумска сцена, со тоа што нивната мајка Крис собира менаџерска комисија од 10 проценти од сите шест потомци (заедно со двете најмлади сестри, повеќе од пристојно заработуваат и Ким, Клои и Кортни, додека Роб ‘се шлепува“ покрај познатите сестри повремено дизајнирајќи чорапи).

Во последно време се зборуваше за неверојатната заработка на Кајли. Списанието „Форбс“ ја прогласи за најмлад светски милијардер што заработила богатство од нула, со тоа што повеќето пари доаѓаат од редовно распродадени колекции за шминка.

View this post on Instagram

blessed with the best 🤪🤩

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

Кендал, од друга страна, станала најбараната манекенка во светот и последните три години ги носеше ревиите на сите најважни дизајнери. Иако заработува многу помалку од нејзината помлада сестра, таа исто така стана богата, заработувајќи околу 30 милиони долари од емисии, спонзорски зделки и секако реалното шоу „Keeping Up With Kardashians“, кое ги прослави.

View this post on Instagram

till death do us part 💜🧡🧡

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) БИЛ ЧОВЕК СО ГОЛЕМО СРЦЕ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ДЕКА ОДЕЛ ТАМУ: Вдовицата на Оливер Драгојевиќ открила сериозна ТАЈНА на славниот пејач!

Вдовицата на Оливер Драгојевиќ, Весна ги коментирала сликите на нејзиниот сопруг и открила некои непознати …