(ФОТО) Бредли Купер снимен во омиленото друштво – на својата ќерка: Не ја трга насмевката од лицето!

Откако во април ја прекинал долгогодишната врска со руската манекенка Ирина Шајк, глумецот Бредли Купер одлучил да се тргне од очите на јавноста и да се посвети на дружењето со својата двегодишна ќерка Леа. Овој викенд е снимен како со неа ужива во најпознатиот забавен парк на светот – Дизниленд.
Таткото и ќерката се сликани како уживаат во возење на вртелешка, а 44. годишниот Бредли не ја симнувал насмевката од лицето. На фотографиите може да се забележи и дека глумецот се одлучил за промена на имиџот. Имено, пуштил мустаќи и така избрал полежерен изглед од досегашниот. Се чини дека после неколкуте бурни месеци, добтро му дошо, одморот во друштво на ќерката.
Да потсетиме, после четири години ја прекинал врската со Ирина Шајк, после што станале тема на бројни медиски написи. Имало многу нагаѓања за причините за нивното прекинување, а се’ почнало со сомневањето за неверството на глумецот поради „присниот однос“ со пејачката и глумица,33. годишната Лејди Гага. Бившиот љубовен пар сепак се разделил во коректни односи, а неодамна се договориле и околу старателството на нивната малечка Леа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Запознајте ги Меланежаните – единствено природно русокоси црнци на светот

Врежано е мислењето дека природно русокосите луѓе се исклучиво белци. Но, Меланежаните, народ кој живее …