(ВИДЕО + ФОТО) Бред Пит во трејлерот за „Ад астра“!

После многуте ликови кои ги играше Бред Пит наскоро ќе го видиме и во улогата на астронаут кој барајќи го својот татко ќе треба да го најде и спасот за планетата Земја…

Астронаутот Рој МекБрајд (Бред Пит) патува по надворешните рабови на сончевиот систем за да го пронајде својот исчезнат татко и да ја открие тајната која ја загрозува нашата планета. Неговото патување ќе ги открие тајните кои ги доведуваат во прашање природата на човековото постоење и нашето место во космосот. Во улогата на изгубениот татко е Томи Ли Џонс, а Бред Пит го игра неговиот син кој тргнува во потрага.
Решисер на филмот и сценариот е Џејмс Греј, автор ан филмот „Изгубениот град З“, а продуценти се Бред Пит, Диди Гарднер, Џереми Клајнер, Џејмс Греј, Родриго Теиксера и Ентони катагас.
„Ad Astra“, во кината кај нас доаѓа на 19. септември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Запознајте ги Меланежаните – единствено природно русокоси црнци на светот

Врежано е мислењето дека природно русокосите луѓе се исклучиво белци. Но, Меланежаните, народ кој живее …