(ФОТО) Во понеделник започнува УС Опен – Најинтересен дуел во првото коло: Шарапова против Серена

Швајцарецот овојпат стартува против Џумхур, Ѓоковиќ ќе се сретне со Шпанецот Баења, а доколку двајцата ги минат своите ривали, Федерер и Ѓоковиќ би можеле да се сретнат во полуфиналето во Њујорк.
Серена Вилијамс и Марија Шарапова ќе ги одмерат силите во најинтересниот дуел од првото коло на УС Опен, одреди ждрепката што беше извршена вчера во Њујорк. Серена ќе ја има улогата на осма носителка, а својата авантура во Њујорк ќе ја стартува со дуел со некогаш големата ривалка. Шарапова е далеку од посакуваната форма, но нема сомнеж дека ќе се обиде да се прикаже во што подобро светло во дуелот со Вилијамс.
Првата носителка Наоми Осака одбраната на трофејот ќе ја почне со дуел со Блинкова, додека Ешли Барти за ривал на стартот на УС Опен ќе ја има Дијаз.


Рафаел Надал ќе го стартува настапот на овој гранслем турнир со пресметка со Американецот Милман, кој лани го елиминираше Федерер од УС Опен. Швајцарецот овојпат стартува против Џумхур, Ѓоковиќ ќе се сретне со Шпанецот Баења, а доколку двајцата ги минат своите ривали, Федерер и Ѓоковиќ би можеле да се сретнат во полуфиналето во Њујорк.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) ГОРДОСТ МАКЕДОНСКА НА СВЕТСКИ КУП: Катерина Ацевска со 16. зрачно сонце на највисокото скалило на пиедесталот!

Катерина Ацевска покажа надмоќ и храброст против најсилните противнички и на величенствен начин триумфираше на …