(ВИДЕО) Црна комедија со холивудски „фаци“: Се појави, трејлер од најочекуваната серија оваа есен!

Познатиот американски режисер Рајан Марфи, кој се прославил со сериите како „Glee” и „American Horror Story”, наводно за неверојатно 300. милиони долари преминал од „20th Century Fox“ во Netflix,а неговата прва серија ќе биде достапна од 27. септември и веќе е најспоменуван проект на тој стриминг сервис.
Станува збор за „The Politician” (“Политичар”) која го следи Пејтон Хобарт, богат средношколец од Санта Барбара, кој од малечок е убеден дека ќе стане претседател на САД.
За да го оствари сонот, мора успешно да плива по политичките води на своето школо, притоа внимавајќи имиџот да му остане беспрекорен. Иако станува збор за црна комедија, оваа серија нуди единствен увид во кариерата на млад политичар.

Главната улога му припаднала на Бен Плат од филмот „На патот до ѕвездите“ и серијата „Вил и Грејс“, а во серијата се појавуваат и Гвинет Палтроу, Џесика Ланг, Луси Бојтон и многу други.
Новиот сопруг на Гвинет Палтроу, Бренд Фалчук е еден од сценаристите на серијата.
Говорејќи за уговорот со Нетфликс, Рајан Марфи, пишува „Гламур“’, пред неколку месеци открил дека вклучува три документарни филмови, четири серии и три филма.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Секс туризам: Кои промени ги внеле „милениумците“?

Туризмот постојано се менува во „чекор“ со општеството, но непредвидливоста на младите генерации е нешто …