„Медена земја“ го освои филмскиот фестивал во Сараево: Овации за македонскиот документарец

Со силен аплауз и овации викендов беше проследена премиерата на македонскиот документарец „Медена земја“ (Honeyland) на „Сараевскиот филмски фестивал“.
Публиката во преполната сала во сараевскиот „Мултиплекс синема сити“ со одушевување ја поздрави екипата која присуствуваше на проекцијата: режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котевска, снимателот Самир Љума и главната протагонистка на филмот– Атиџе. Документарецот е влезен во официјалната конкуренција за наградата „Срцето на Сараево“.

Официјалната македонска премиера на „Медена земја“ ќе се одржи на 28 август 2019 г. во Куршумли ан, на затворањето на 10. издание на фестивалот за документарни филмови „Македокс“. Истиот ден, во рамки на фестивалот, ќе има проекција и во Младинскиот културен центар.
Пoчнувајќи од 29 август, пак, филмот ќе се најде на редовниот репертоар во скопското мултиплекс-кино „Синеплекс“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

На „Браќа Манаки“ денеска разговори со кинематограферот на Алмодовар, Алкаине, Љупчо Константинов и Џим Шеридан

По вчерашното свечено отворање на јубилејното 40 – то издание на ИФФК „Браќа Манаки“, денеска …