Втората сезона од „Фамилија Марковски“ на Сараевскиот филмски фестивал

Првите две епизоди од втората сезона од ТВ-серијата „Фамилијата Марковски“ на 22 август (четврток) премиерно ќе бидат прикажани на годинешното, јубилејно издание на Сараевскиот филмски фестивал. Покрај македонскиот ТВ проект, дел од програмата „Avant Premiere Gala“ се уште четири балкански серии од висока продукција.
Првата сезона, македонската серија ја имаше во 2017. и наиде на позитивни критики и популарност кај публиката. Слична историја има и српската историска драма „Сенки над балканот“ на Драган Бјелогрлиќ која исто така доживеа премиера на својата втора сезона токму на Сараевскиот филмски фестивал. Покрај овие две, ќе бидат прикажани и епизоди од српските серии „Беса“ и „Групата“ како и словенечката „Езерото“. Со самото тоа што новата сезона ќе биде дел од една ваква селекција, на реномиран филмски фестивал како што е Сараевскиот значи признание за нас како и за модерната македонска телевизиска продукција. Серијата секако ќе се прикажува и во нашата земја, но со оглед дека се уште се прецизираат деталите, информациите ќе ги објавиме наскоро – велат од продукцијата „Арт проект лаб“ која стои зад серијата „Марковски“.

Премиерно прикажана во 2017, со иницијални осум епизоди „Фамилијата Марковски“ во фокусот го има секојдневието на едно просечно семејство чии случувања се рефлексија на актуелното македонско општество. Главните улоги ги толкуваат Александар Микиќ, Силвија Стојановска, Владимир Петровиќ, Тамара Ристоска и Петар Петковски. Режисер на серијата е Даријан Пејовски.
Втората сезона составена е од нови осум епизоди и ќе се емитува од есен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НА ДОДЕЛУВАЊЕТО на наградите ТВ ИЗБОР во Лондон настанал хаос – глумецот Асан Н’Јие нападнал ѕвезда на ТВ СЕРИЈА

“Hollyoaks” на Џејми Ломакс, донесува Mirror. Инаку познат по улогата во серијата „Emmerdale”, Н’Јие му …