(ВИДЕО) Марија Спасовска со ново интернационално признание: Меѓу бројни странски изведувачи нашето девојче е „најдобар пејач“!

Марија Спасовска овие денови е многу ангажирана со настапот на Интернационалниот фестивал за филмска музика Тралала во Охрид.
Марија Спасовска овојпат ќе ги бранеше боите на својата земја во Охрид, а се натпреваруваше во силна конкуренција како најмлада на фестивалот за филмска музика на кој ќе учествуваат 28. кандидати од 21. земја со учесници од Русија, Украина, Словенија, Италија, Арменија, Малта….
Марија Спасовска настапи со композицијата Reflection од Mulan.
И, повторно награда за нашата талентирана пејачка – best singer

Вчерашниот настап на концертот за филмска музика на локалитетот “Долни Сарај”…

Вчерашниот настап на концертот за филмска музика на локалитетот "Долни Сарај" во Охрид беше проследен со аплауз од публиката, а Интернационалното жири во состав од над 20 држави ми овозможи Вечерва да застанам меѓу најдобрите на Гала концерт заедно со Камерниот оркестар во "Домот на културата" во Битола. Се гледаме вечерва во Битола ❤Посакајте ми среќа и за денешниот настап во Битола ❤

Gepostet von Marija Spasovska / Марија Спасовска am Samstag, 17. August 2019

Марија Спасовска на својот профил на Фејсбук, скромна како и секогаш, објави дека сака да се натпреварува и да покаже што може, особено со колеги и колешки од странство…

„Интернационалниот фестивал заврши, стекнав нови искуства и ја збогатив мојата биографија со уште еден пехар и диплома “Best singer” 💕 Ви благодарам што ме поддржувате, ве сакам сите ❤ Продолжувам да сонувам и остварувам…“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) БИЛ ЧОВЕК СО ГОЛЕМО СРЦЕ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ДЕКА ОДЕЛ ТАМУ: Вдовицата на Оливер Драгојевиќ открила сериозна ТАЈНА на славниот пејач!

Вдовицата на Оливер Драгојевиќ, Весна ги коментирала сликите на нејзиниот сопруг и открила некои непознати …