(ВИДЕО) Новак Ѓоковиќ го совлада Пуј за пласман во полуфиналето – но со една грижа!

Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на Мастерс 1000 серијата во Синсинати, откако го совлада Лука Пуј од Франција со 2:0 во сетови – 7:6 (7-2), 6:1
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе се состане со Даниел Медведев, а во долниот дел од ждребот за финалето ќе се борат Ршар Гаске и Давид Гофан.

Во првиот сет, Новак имаше брејк шанса во првиот гем, но го промаши пасинг форхендот. Тоа беше единствената шанса за брејк од двете страни во тој сет, всушност Ѓоковиќ загуби само шест поени на свој сервис (Пуј 11). Во тај брекот, Новак беше ментално стабилен, а Французинот направи две неизнудени форхенд грешки, 2-1 за Новак и една дупла, и сетот беше решен.

На стартот на вториот сет Новак направи брејк – од 40-15 дојде до изедначување со два многу агресивни и точни поени. Французинот направи двојна грешка и во следниот момент Новак одговори на пдроп-шутот со дроп шот – 2-0.

Ѓоковиќ го преживеа и следниот гем во кој направи три дупли-грешки и тоа беше де факто крај. Сепак, во паузата помеѓу петтиот и шестиот гем Новак побара помош од лекар, се чинеше дека бара да се масираат мускулите околу лактот. После на успорената снимка моѓеже да се види болната гримаса на Новак после еден сервис,но немаше проблеми до крајот на мечот.
„Не знам, ќе видам, се надевам дека ќе биде добро“, рече Ѓоковиќ во изјавата на теренот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) БИЛ ЧОВЕК СО ГОЛЕМО СРЦЕ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ДЕКА ОДЕЛ ТАМУ: Вдовицата на Оливер Драгојевиќ открила сериозна ТАЈНА на славниот пејач!

Вдовицата на Оливер Драгојевиќ, Весна ги коментирала сликите на нејзиниот сопруг и открила некои непознати …