(ВИДЕО) МОМЧЕ НА ЛЕТУВАЊЕ НАИШОЛ НА ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ: Видел дека нешто чудно ѕирка од земјата – старо 4.000 години!

За време на еден попладневен семеен излет, Џексон Харпер (12) шетал покрај потокот во Милерсвил, во Охајо, кога видел дека нешто ѕирка од земјата…
Научниците биле воодушевени. Ова момче (12), минатиот месец пронашло катник од мамут во летувалиште североисточно од Охајо.
„Дванаесетгодишниот Џексон забележал заб во близина на Хани Ран во текот на фамилијарното собирање за правење групна фотографија. Неколку научници го верификувале горниот трет заб на мамутот!“, објавиле на Фејсбук од тоа летувалиште.
Момчето раскажало дека се фотографирало со своето семејство на мостот, а потоа видел еден заб кој „ѕирка“ од земјата.
Го извлекол необичниот предмет а заедно со татко му се обидел со помош на интернет да открие за што точно станува збор.

Gepostet von The Inn at Honey Run am Montag, 12. August 2019

Семејството се обратило до научниците и се испоставило дека Џексон пронашол заб од мамут а неколку научници потврдиле дека станува збор за горниот трет заб на мамут.

Момчето раскажало дека со семејството се сликал на мостот а потоа низводно го забележал забот како ѕирка од земјата.
„Се надевам дека забот повторно ќе биде во мои раце, сакам да им го покажам на другарите“, рекло момчето.

Мамутите се исчезнати пред 4.000 години. Овој заб припаѓа на видот мамути кои главно живееле на Сибир.
Во 2012-та година археолозите од Франција пронашле цел, целосно сочуван скелет од влакнест мамут. Тоа ја поттикнала идејата кај научниците за можното клонирање на овие изумрени животни, но многумина се согласиле дека парите за тоа подобро би било да се искористат за помагање на живите животни.

Екран.мк/Innathoneyrun.com
Foto: Facebook/Printscreen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) ИСЧЕЗНАЛА ЗЛАТНАТА ВЦ ШКОЛКА: Крадци упаднале во британска палата со два камиоони и однеле експонат вреден 5. милиони долари!

Крадци украле целосно функционална 18-каратна златна тоалетна школка од британскиот дворец Бленам, каде што беше …