Европскиот фудбалски сојуз (УЕФА) во четвртокот објавил дека меѓу тројцата номинирани за наградата за Играч на годината, според нивен избор, се предложени – Лео Меси (Барселона), Кристиано Роналдо (Јувентус) и Виргил Ван Дајк (Ливерпул).

УЕФА оваа награда ја востановила во 2011. година и Кристиано Роналдо секој пат до сега е номиниран, а три пати бил и победник (2014, 2016 и 2017). Меси бил два пати прогласуван за најдобар играч на годината во изборот на УЕФА (2011, 2015), додека на Ван Дијк ова му е прва номинација.

Но, токму Ван Дијк има најмногу шанси за освојуавње на оваа награда бидејќи бил меѓу најзаслужните што Ливерпул ја освоил титулата првак на Европа, како и на Суперкупот, додека е прогласен и за најдобар играч на англиската Премиер лига по изборот на стручњаците и по изборот на играчите.

За играчка на годината номинирани се три играчки на Лион – Ада Хегерберг, Луси Бронзе и Амандин Анри.
УЕФА наградите за најдобрите во минатата сезона ќе ги додели за време на ждребот на групите на Лига на шампионите на 29. август во Монте Карло.