(ФОТО) Глумицата се појавила во јавност откако открила дека е во 4. стадиум на рак

„Сакам да знаете, тука сум, одлично сум“, порачала 70. годишната Оливија Њутон – Џон на доделувањето на танчерските награди во Лос Ангелес на кој се собирале средства за борба против рак. Иако некои медиуми поради лошата дијагноза веќе ја отпишале, глумицата, тврди, не се предава.
„Беше тоа предизвикувачка година, скршив колк и морав повторно да учам да одам. Но, јака сум, се чувствувам добро и го обожувам секој момент“, изјавила глумицата за Entertainment Tonight.


Ова  и е трет пат да се бори со ракот – го победила во 1992. и во 2013., но повторно се разболела во 2017. година. Овојпат ракот метастазирал на коските и се наоѓа во т.н. четврта фаза.
Неодамна станала и промоторка на канабисот, кој како што тврди, многу и помага во борбата со болеста. Со сопругот моментално спроведува кампања со која бара канабисот да се легализира во Австралија.
„Тоа не е дрога. Гледате, во тоа и е проблемот. Тоа е лековита билка“, рекла неодамна и признала дека консумира канабис кој го одгледува нејзиниот сопруг.


На хуманитарната вечер се дружела со уште една холивудска икона, 68. годишната Џејн Сејмур, најпозната по улогата во серијалот за Џемс Бонд и култната тв серија „Др. Квин:Жена поглавица“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) БИЛ ЧОВЕК СО ГОЛЕМО СРЦЕ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ДЕКА ОДЕЛ ТАМУ: Вдовицата на Оливер Драгојевиќ открила сериозна ТАЈНА на славниот пејач!

Вдовицата на Оливер Драгојевиќ, Весна ги коментирала сликите на нејзиниот сопруг и открила некои непознати …