(ВИДЕО) ЌЕ ЈА НАУЧИ ЛИ ЛЕКЦИЈАТА: За Кириос казна од 113.000 долари поради однесувањето кон судијата

Австралискиот тенисер Ник Кириос е казнет со 113.000 американски доалри поради својот последен испад кога за време на мечот од втророто коло на Мастерсот во Синсинати, кога играл против Карен Хачанов, искажал крајно непочитување кон главниот судија.
Откако го изгубил вториот сет Кириос на судијата, Фергус Марфи, му рекол дека ќе оди во тоалет. Судијата не му дозволил, но Австралијанецот го игнорирал и го напуштил теренот земајќи со себе два рекети. На видео снимката се гледа како кога влегол во ходникот на соблекувалната ги крши рекетите, а потоа се свртел и се вратил на теренот.
После тоа цело време додека бил на теренот се расправал со судијата и на крај на мечот не се ракувал со него.
Кириос, 27. тенисер на светот, во повеќе наврати е паричќно казнет поради неспортско однесување, а во мај е дисквалификуван од турнирот во Рим бидејќи во напад на бес на теренот фрлил столче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) УБАВА ПРИКАЗНА ЗА УБАВО ПОПЛАДНЕ: Мајката не можела да го смири бебето во авион па работите ги презел стјуардот!

ПРВИОТ лет со авион со мало дете е доста стресен, особено ако бебето е исто …