(ВИДЕО) Синсинати: Ѓоковиќ во два сета до четирифиналето, следи Пуј

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето од Мастерсот во Синсинати, совладувајќи го Шпанецот, Пабло Каренјо-Буста со 2: 0 во сетови.

Србинот славеше против 53. рекет на светот со 6: 3, 6: 4 за 91 минути игра и на патот кон одбраната на трофејот сега се соочува со дуел против Французинот Лук Пуја, кој го совлада со 6: 7, 7: 4, 6: 2 Русинот, Карен Хачанов.
Првиот сет траеше нешто повеќе од 30 минути игра, бидејќи Каренјо-Буста го следеше ритамот на Новак само во воведниот дел.
Со резултат 2: 2, Србинот додаде гас, направи брилијантен низ од 12 последователни поени и, со одземениот сервис, поведе со 5: 2, после што рутински дојде до водство во сетови.

loading...

Вториот сет беше многу побтежок за првиот рекет во светот и двојно подолго време му требаше да го скрши отпорот на противникот.
Ѓоковиќ почна малку побавно и му дозволи на ривалот да се разигра, па во вториот сет Каренџо-Буста ги имаше првите брејк топки во мечот, но ги испушти и двете. Веќе во следниот следеше казна, а Ѓоковиќ после голема борба го одбрани брејкот и поведе со 3: 1.


Новак сепак имаше шанса да го реши мечот во тие моменти, но не искористи две брејк топки, а потоа во осмиот гем спаси две и поведе со 5: 3.
Се испостави дека тоа клучен момент на натпреварот, бидејќи Србинот ја заврши работата без проблем.

Четирифиналните мечеви на програмата се денес, а Ѓоковиќ се очекува да игра во 03. часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Руски рапер се самоубил поради Путин

Според странските медиуми, раперот Иван Виталиевич Петунин, попознат по уметничкото име Воки, извршил самоубиство поради …