(ВИДЕО) КЛЕТВА ИЛИ ПРИРОДА – ПАНИКА ВО АМЕРИКА – ИМ ИСЧЕЗНУВА КОПНОТО: Ги стасала клетва на рускиот цар и се чини НИШТО ДОБРО не ги чека наредните години!

Пред 152. години Руското царство на Америка и ја продала Алјаска. Русија во 1867 на САД и ја продала територијата на Алјаска за симболичнби 7,2 милиони долари.

Само во првите 50. години владеење над Алјаска, Американците заработиле барем 100 пати повеќе од тоа. До ден денес, многумина веруваат дека Американците ја украле Алјаска од Русите или ја изнајмиле, па потоа не ја вратиле, па затоа рускиот цар наводно ги проколнал.

Официјалното предавање на територијата е реализирано во Новоархангелск. Американските и руските трупи се поставија покрај столбот со знамето, од кое со топовска салва се спуштало руското знаме. Сепак, знамето се замрсило на самиот врв. Морнарот кој потоа се искачил да ја одмрси ја фрлил долу и таа случајно паднала директно на руските бајонети. Тоа било лош предзнак!
Оваа најсеверна и најголема американска држава денес незапирливо се намалува. Во наредните години, многу населби во Алјаска ќе бидат под вода заради климатските промени.

Од 213. населби на Алјаска, 184. би можеле да потонат, а други 20. ИТНО ќе треба да бидат преместени.Њуток прво ќе потоне. Тоа е населба со 400 жители кои живеат помеѓу Беринговото Море и две реки.
Вечниот мраз веќе не е „вечен“. Мразот се топи и така расте нивото на океанот, така што нивното парче земја постепено се претвора во мочуриште. Сега по населбата можат да се движат само на специјални дрвени платформи. Во морето секоја година одат неверојатни 30 метри брег.

Жителите на Њуток полека градат ново село, 14 километри оддалечено од местото каде што живееле нивните предци илјадници години. Новата населба е наречена Мертарвик, која на јазикот на домородните жители на Јупик значи „место за собирање вода“. До таму ќе биде достапно само со брод.
Станува збор за висорамнина во бескрајна тундра. Досега се изградени само седум куќи. Потребни се повеќе од 100 милиони американски долари за изградба на нова населба со училиште, неопходен аеродром, електрана и водена кула.

Екран.мк/Dnevno.hr
Фото: YT

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ПРИТВОР ИЛИ СЛОБОДА: Боки 13 во притвор а секојдневно „лиферува“ информациите надвор од „Шутка“

Кога некој е во притвор обично се мисли дека е изолиран и нема пристап до …