(ВИДЕО) Горан и Новак умеат да се опуштат но Ѓоковиќ му дал посебно признание на дете кое победило рак!

„Ти си шампион!“, му рекол Новак на дете кое го победило рак, а неговиот гест ги воодушевил сите во Синсинати!
Пред натпреварот во Синсинати против Шпанецот Пабло Каренјо Буста, Новак Ѓоковиќ имал посебен гостин на својата клупа
Ѓоковиќ прво му дал шише со вода, потоа го избришал со крпата, како што тоа го прават вистинските тенисери.

На многумина не им било јасно кој е специјалниот гостин на српскиот тенисер и што се случува.
За што всушност се работело Ноле објаснил по натпреварот и победата над шпанскиот тенисер.

„Ова храбро момче го победил ракот… А дијагностициран му бил кога тој бил десетдневно бебе! Преживеал и сега со право ја носи маицата на која пишува „Шампион“! Ова дете е апсолутен шампион!“ – напишал Ѓоковиќ.

По победата против Шпанецот Новак Ѓоковиќ и неговиот тренер Горан Иванишевиќ се опуштиле играјќи билијард.Но, Иванишевиќ бил видно нервозен бидејќи на Новак се’ му поаѓало од рака.
Сè на сè, двајцата добро се забавувале со песната на „Рибја Чорба“ која се слуша во позадина.

Токму оваа снимка покажува зошто Иванишевиќ е задоволен во штабот на Ноле…„Нема тука изолирање и молчење по неколку недели како кај Раониќ, тука е секој ден активен, сите сме заедно, разговараме“, изјавил Горан Иванишевиќ
за хрватскит меедиуми.
Новак во четвртфиналето ќе игра против Французинот Пуј кој беше подобар од Русинот Карен Хачанов 6:7 (3), 6:4, 6:2.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) БИЛ ЧОВЕК СО ГОЛЕМО СРЦЕ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ДЕКА ОДЕЛ ТАМУ: Вдовицата на Оливер Драгојевиќ открила сериозна ТАЈНА на славниот пејач!

Вдовицата на Оливер Драгојевиќ, Весна ги коментирала сликите на нејзиниот сопруг и открила некои непознати …