(ФОТО) НОВАК ЃОКОВИЌ ОДБИЛ МИЛИОНИ ЗА РЕКЛАМА: „Многу луѓе ме следат и чувствувам дека пораките кои ги испраќам имаат голем значење за нечиј живот!“

Ѓоковиќ не сакал за никакви пари да рекламира три најголеми букмејкерски куќи кои не жалеле пари за да најдобриот тенисер на светот им биде заштитно лице.
Новак Ѓоковиќ одбил да ги рекламира најголемите светски кладилници бидејќи не сакал на милиони луѓе на кои им е идол да им испраќа лоша порака.
Најдобриот тенисер на светот не се согласил на баснословна понуда вредна повеќе милиони евра од веројатно и најголемиот ланец на калдилници во светот.

 

Взаемна доверба
Тоа било трето „не“ на ваквите компании од играчот кој суверено оди кон звањето на најдобар во историјата. Инаку, самиот Ѓоковиќ говорел дека бира со кого соработува и дека паричната понуда апсолутно не е пресудна. Неодамна во интервју на „Вајс“ Новак се допрел и до темата на спонзорство.
„Барам партнери кои се општествено одговорни. Спонзорството за мене отсекогаш било, а посебно во последно време, партнерство. Јас како човек се поистоветувам со вредностите на тој партнер и тие со мене. Мора да постои компатибилност, инаку не можеме да функционираме“, рекол Ѓоковиќ.
Следело повеќе од јасно објаснување зошто избира кого рекламира.

 

Големо значење
„Имам свои лични ставови, уверувања, погледи на свет, здрав начин на живот. Ако таа компанија се вклопува во тоа, тогаш сакам да соработувам. Финансиските сретства во таа равенка се секундарни. Повеќе од било кога го привлекувам вниманието, многу луѓе ме следат и имам чувство дека пораките кои ги испраќам, како директно така и индиректно, имаат големо значење за нечиј живот“, заклучил Ѓоковиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+РЕЦЕПТ) МОЌЕН СОК ОД КРАСТАВИЦА: Напиток кој ќе ве разлади и ослободи од токсини!

Сокот од краставица ќе ви помогне да се разладите во жешките летни денови. Сокот од …