Изложба на Зоран Арсовски во „Галерија – Белградска тврдина“

Академскиот сликар Зоран Арсовски – Бабата од Куманово е првиот македонски академски ликовен уметник кој ќе реализира своја самостојна изложба во престижната “Галерија – Белградска тврдина” на Калемегдан во Белград.
Изложбата ќе биде отворена на 22 Августво 18.00 часот и ќе трае до 10 Септември 2019 година а влезот за посетителите ќе биде слободен. На изложбата ќе бидат претставени шеесетина дела работени во техниката акрил. Изложбата го носи насловот “Тектонски пореметувања” тема која е актуелна за денешното време.
Проектот е избран од страна на стручното уметничко жири на Националната Установа “Галерија – Белградска тврдина” на годишниот конкурс за 2019 година. 

Биографија
Зоран Арсовски – Бабата е роден 1980 год. во Куманово Р. Македонија. Дипломирал 2005 год.и Магистрирал 2007 год.на Националната Ликовна Академија во Софија насока Сликарство, во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Член е на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ).Оваа изложба ќе му биде осмо самостојно претставувањепред поширокатајавност.
Има учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, симпозиуми во земјава и странство.Работи во Национална Установа Центар за култура “Трајко Прокопиев”- Куманово, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Работно искуство од областа на штафелајско сликарство во познатите и негови нови сликарски техники, изработува фреско живописи, икони, сценографии, дизајн и др.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) СРАМОТА ЗА ШТИП – Симон Трпчески морал да го прекине концертот бидејќи немало греење – „Дали градоначалникот на Штип е тука?“

„Колку професори од Музичката академија има вечерва тука, дали градоначалникот на Штип е тука, колку …