Добро е да се знаат мааните на хороскопските знаци: Откријте ги вашите, а и оние на вашиот партнер

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Сите сакаме да мислиме дека ги имаме најдобрите особини, но сепак имаме маани кои не можеме да ги скриеме од другите.Колку и да се трудиме хороскопскиот знак ни открива деал од нив…
Ова се мааните на хороскопските знаци.
Овен
Вие секогаш мора да сте во право. Импулсивни сте, брзоплети и експлозивни, а имате и вродена ароганција. Склони сте кон кавги и лесно се нервирате, но и лесно се навредувате. Ако некој претера, знаете да бидете груби, нетолерантни и одмаздољубиви. Во љубовта сте многу непредвидливи, љубоморни и посесивни. Поради желбата за доминација, знаете да бидете и непријатни како соработник, а неподносливи како шефови.
Бик
Вие сте многу своеглави, па често трдоглаво си терате по свое, дури и тогаш кога знаете дека не сте во право. Иако ви треба многу за да се налутите, кога бесот ќе избие на површина, тоа е како вулканска ерупција. Малку сте успорени, па делувате многу бавно и мрзеливо. Ориентирани сте кон парите и тие ви се многу важни. Во љубовта сте посесивни и љубоморни, иако тоа ретко го признавате.
Близнаци
Многу сте љубопитни и многу зборувате. Тоа ги излудува сите околу вас. Расположението ви е непредвидливо и често знаете да ги изненадите луѓето околу вас. Умеете да бидете и лукави и пресметливи, а често го криете и стравот од неуспех. Најчесто сте окупирани со големи планови, но не успевате да довршите голем дел од нив.
Рак
Мрзоволни сте и често го менувате расположението и склони сте кон самосожалување. Брзо се навредувате, а таа особина ја покажувате во однос на сите. Но, ако некој го чепне вашето его, знаете да бидете и одмаздољубиви. Понекогаш толку се вовлекувате во својот оклоп, така што тешко може некој да ве извлече од тоа. Некогаш сте пресметливи и егоцентрични, па го избирате и најлесниот пат до успехот. Склони сте кон претерување кога пиете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) САРА Е „БОМБА“ НА ИНСТАГРАМ А ВО ЖИВО НЕПРЕПОЗНАТЛИВА: Се појавиле фотографии а со нив и болната вистина!

Често се заморуваме од перфекцијата на Инстаграм, поради што секогаш сме воодушевени од жени и …