(ВИДЕО+ФОТО) ФБИ УПАДНАЛ НА ОСТРОВОТ НА ПЕДОФИЛОТ: Тука се случувале најмрачните работи а на истражителите најмногу внимание им привлекло едно морничаво здание!

Американски агенти на ФБИ извршиле рација во приватниот остров на неодамна починатиот милијардер педофил Џефри Епстајн како дел од истрагата што продолжува по неговата смрт.
Голем број агенти го „прочешлале“ островор „Литл Сент Џејмс“ во медиумите познат како „Остров на оргии“ и „Педофилски остров“. Агентите се движеле низ островот во колички за голф, и имало и нуркачи. Други агенти сè набљудувале од луксузната вила на Епстајн.
Инаку, Епстајн го купил островот во 1998. година за 8. милиони американски долари, а им припаѓа на американските Девствени острови.

Рацијата е извршена неколку дена откако биле објавени 2000 страници на тајни судски документи. Само еден ден подоцна, одекна веста дека Епстајн се самоубил.
“Бев на чартер брод со нашите гости. Ние бевме единствени гости овде во тој момент. Уживавме во ручекот кога видовме десетина луѓе како се симнуваат од нивните глисери на островот. Кога поглендавме подобро, го видовме логото на ФБИ на грб. Не ни требаше долго време да сфатиме дека ја пребаруваат куќата на Епстајн“, рекол очевидец.
Да потсетиме, се смета дека милијардерот, токму на „Литл Сент Џејмс“, одржувал развратни забави каде тој, како и неговите богати гости, членови на американската елита, ги експлоатирале малолетните секс робови. Некои од нив имале по само 14 години.

Поранешен вработен рекол дека гледал модели на Викторија Сикрет, а дека меѓу елитните гости бил и милијардерот Лес Векснер, кој на Епстајн му ја продал својата луксузна вила во Менхетен во 90-тите години, и сега го обвинува дека го поткрал.
Кога Епстајн би бил на островот, тврди овој вработен, девојките би се сончале голи или во топлес покрај базенот, а Епстајн ќе шетал наоколу во лежерно издание, во апостолки и шорцеви. Тој го посетувал островот два до три пати месечно, по три до четири дена. Сепак, овој вработен смета дека девојчињата биле над 18 години.

Сепак, поранешен контролор на летање на аеродромот на овој приватен остров тврди поинаку .
„Повеќе пати сум видел дека Епстајн излегува од хеликоптер, застанува пред мојата кула и во приватен авион се качува со деца – девојчиња. Еден настан особено ме погоди и ми остана во сеќавање затоа што девојчињата беа толку млади. Тие немаа повеќе од 16 години“, рекол тој.
Други поранешни вработени не се огласиле затоа што тврделе дека потпишале договори за доверливост.

Една од жртвите, Вирџинија Робертс Џуфре, сведочела пред судот дека учествувала во оргија со Епстајн и неговите гости. Таа исто така рекла дека таму го видела поранешниот претседател Бил Клинтон, но дека тој не спиел со неа ниту го видела како има секс со други девојка.
Портпаролката на Клинтон негира дека поранешниот претседател некогаш бил на спорниот остров, сепак, новинарката Кончита Сарноф тврди дека според дневниците на летовите, Клинтон патувал најмалку 27 пати со приватниот авион на Епстајн, т.н. Лолита експрес.

Епстајн го купл и поголемиот соседен остров, „Грејт Сент Џејмс“ за 18 милиони американски долари во 2016. година – седум години откако излегол од затвор на условна слобода.
Тој бил осуден на 18 месеци (од кои лежел 13) за зподведување на малолетничка во 2008. година, како дел од неверојатно дарежлива вонсудска спогодба која ги игнорирала повеќето кривични дела кои ги направбил,а за кои му се заканувал доживотен затвор.

На споменатиот педофилски остров имало и необичен „храм“,со сини и бели ленти на sидовите, златна купола и две златни статуи крај вратата. Изграден е помеѓу 2009. и 2013. година, а можеби и највпечатливо од сè е тоа што вратите се дизајнирани да ги спречат излегување од храмот, наместо влегување.
Чудната зграда служела како дополнително гориво за теориите на заговор за окултни оргии. Многу локални жители се убедени дека Епстајн криел малолетни сексуални робинки во подрумот под храмот и во другите подземни простории на островот.

„Сите го викаа ‘Педофилски Остров’. Тоа е нашето мрачно катче”, изјавил жител на Девствените острови и капетан на чартер-чамец, Кевин Гудрич.
Засега нема конкретни информации за поддршка на овие гласини, но рацијата на ФБИ треба да даде некои одговори.

Екран.мк/Index.hr
Фото: Youtube/Printscreen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) УБАВА ПРИКАЗНА ЗА УБАВО ПОПЛАДНЕ: Мајката не можела да го смири бебето во авион па работите ги презел стјуардот!

ПРВИОТ лет со авион со мало дете е доста стресен, особено ако бебето е исто …