Samsung Galaxy Note10+ 5G оценет како телефон со најдобри камери

Новиот Galaxy Note10+ 5G, за прв пат претставенна минатонеделниот Unpacked настан во Њу Јорк, има најдобра предна и задна камера, како и најдобри резултати од снимање на видеа, според DxOMark, познат сајт кој е специјализиран за рецензија на камери. За време на тестирањето уредот го освои првото место со својата задна камера со севкупниот резултат од 113 поени, додека ја задржа и шампионската позиција на DxOMark Selfie скалата со предната/селфи камера и освоени 99 поени.

Galaxy Note10 и Galaxy Note10+ гикористат најсовремените алатки за да се направат неверојани видео снимки и фотографии со врвен квалитет, без потреба од додатна опрема. Телефоните имаат Live focus видео и Zoom-In микрофон со цел подобрување на визуелните и звучните содржини на видеата, додека новиот Super steady систем ги стабилизира снимките.

Корисниците на Galaxy Note10 можат да ги средуваат своите слики и снимки додека се во движење, без потреба на поврзување со компјутер, а благодарејќи му на S Pen тие можат да го изберат точниот момент кој што сакаат да го исечат. Додатните бенефити вклучуваат Снимање на екран, AR Doodle, 3D скенер и ноќен мод за работа на предната камера.

DxOMark е специјализиран сајт кој работи на проценка на квалитетот и оценување на камери, леќи на камери, како и квалитетот на фотографиите на смартфоните. Уредите поминуваат низригорозни тестови, а конечната проценка ја дава тим на инженери кои го тестираат квалитетот на фотографиите и видеата со надеж дека на корисниците ќе им претстават сигурен извештај за перформансите на камерите на смартфоните.

 

 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Најмоќниот Porsche Cayenne е plug-in хибрид

Porscheпродолжува да се фокусира на електро-мобилноста, со новиот Cayenne, којсега нуди и хибриден погон, како …