(ФОТО) Меган Маркл станала жртва на „посрамување на мајките”!

Војвотката од Сасекс станала жртва на други мајки кои ја посрамуваат и Бакингамската палата мора да поработи на тоа, смета Том Бурлет, стручњак за ПР.
„Откако роди, Меган минува низ доста непотребни ситуации.Изгледа дека многумина работат против неа, посебно на Твитер. Секој нејзин потег се исмејува и се смета за кршење на традицијата“, тврди Бурлет.


Меган Маркл и принцот Хари станале родители на момчето Арчи Харисон Маунтбан – Виндзор на 6. мај, а кога два месеци подоцна со него се појавиле во јавност, војвотката од Сасекс е критикувана поради начинот на кој го држи синот во раце.


„Иако веројатно во близина има дадилка, убаво е да се види дека се грижи за своето дете и ја открива мајчинската страна. Глупаво и сексистички е да се бара жената со дете во рацете да делува среќно, но од маркетиншки агол тоа е добра слика за јавноста“, додал стручњакот.


Детето, според мислењето на „загрижените“ мајки, во прегратката на Меган Маркл изгледало како дека ќе и испадне од рацете па на интернет, по објавувањето на фотографијата од хуманитарнот поло меч, било преполно со негативни коментари.


„Меган не знае да го држи сопственото дете. Каква срамота“, напишала една пријателка во типичен случај на „mom-shaming” (посрамување на мајката) со што ѕвездите секојдневно се соочуваат на социјалните мрежи.

 


Уште некои ѕвезди кои редовно се посрамотуваат поради методот на одгледување се пејачката Пинк, Џесика Симсон како и сестрите кардашијан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Како е да се живее во кружно село-бајка каде сите жители се свртени едни кон други!

Архитектот на ова село во Данска извел нешто навистина уникатно, но зад многу невообичаеното решение …