(ФОТО) ГОДИНИТЕ СЕ САМО БРОЈ: „Супер бабичка“ повторно позирала во костум за капење

Покрај море позира во едноделен костум за капење и покажала дека годините за неа се само број. Со фотографијата ги најавила настапите, а нејзините следбеници не се либеле да коментираат…
Пејачката  на забавна музика Неда Украден (69), на својот профил на Инстаграм  „се пофалила“ со нови фотографии во костум за капење.
Покрај море позира во едноделен костум за капење и покажала дека годините за неа се само број. Со фотографијата ги најавила настапите, а нејзините следбеници не се либеле да коментираат…
„Многу девојки можат да се посрамат покрај вас“, „Совршена жена си“, „За некои годините се само број“, се само некои од коментарите со кои обожавателите ја пофалиле на сметка на изгледот.
Пејачката која многумина ја нарекуваат „најсекси баба на Балканот“ поради атрактивните фотографии кои ги споделува со обожавателите, вели дека како и секоја жена и таа себе си не си е совршена. Но, истакнува, со годините, со зрелоста, го засакала своето тело, се гордее со сите несовршености и целулитот.
„Што сега? Повеќе немам 20. години и изгледам како што изгледам. Сиугурно нема да одам на затегнување, притегнување, ригорозни диети…Моето тело е такво бидејќи се грижам за моето здравје. Кога ќе ги измерам естетското и здравственото во овие години здравственото мора да биде приритет“, истакнува Неда.
На врсничките но и на многу помладите жени им советува да не бидат дебели поради здравјето, да внимаваат на салото поради срцето, ‘рбетот, а не конфекцискиот број. Не, истакнува,е важно дали носиш 36, 38 или 42.
Неда Украден е горда баба на три внучиња, близначките Неда и Александра (7) и малечкиот Душан кој во почетокот на годината го прославил петтиот роденден.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ден кога е се можно: Полната месечина на 12. декември значително ќе влијае на нашите животи!

Во четврток, 12. декември 2019 година, имаме полна месечина, која астролозите сè уште ја нарекуваат …