Спас од жештината: Ни претстои големо невреме!

Од УХМР најавуваат големи промени во времето…
Времето утре во претпладневните часови ќе биде сончево и особено многу топло на југот на земјата.
Попладне и во текот на ноќта, а најпрвин во северните делови, облачноста ќе се зголеми и на места ќе има пороен дожд со грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Услови за појава на дожд ќе има и во ноќните часови. Минималната температура ќе биде во интервал од 12. до 22., а максималната од 32. до 40. степени. УВ ќе биде 9, соопшти УХМР.

Во Скопје, претпладне сончево и многу топло. Од пладне ќе има зголемена облачност и појава на повремено пороен дожд, грмежи засилен ветер и услови за град. Минималната температура ќе биде 21., а максималната ќе достигне до 38. степени.
Во четврток се уште ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи претежно попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневните температури ќе бидат за 5. до 8. степени пониски. Посвежо ќе биде и во петок, а за викендот температурите ќе се со постепен пораст.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) СТРАВИЧЕН НАПАД: Момче и девојка се скарале па тој со нож и го врежал неговото име на челото – Имал морбиден план!

Еден тинејџер од Тексас го врежал своето име на челото на својата девојка, откако имале …