ОБЈАВЕН ТРЕТИОТ ДЕЛ ОД СТРИП КНИГАТА ЗА ИТАР ПЕЈО

Македонскиот стрип центар со седиште во Велес ја објави третата книга од стрип серијалот наменет за познатиот народен јунак Итар Пејо.Со издавање на истата завршува материјалот на реномираниот т македонски автор Диме Иванов Димано наменет за овој итроманец.

Диме Илиев-Димано е знаменит стрип автор ,еден од добитниците на Признанието „Љупчо Филипов“ кое се доделува на заслужни лица за развој и афирмација на македонскиот стрип. Тој црта уште од 1971 г а ги користи и „реалистичкиот” и „карикатуралниот “стил на цртање“.

Според тимот на СЦМ преку овој проект стрипот уште еднаш се афирмира како погодно средство за ширење на историските и културолошки особености на определен етникум.СЦМ Велес и во иднина ќе подготвува стрипови кои ќе се бават со етничкото и културно потекло на етникумите кои што живеат на територијата на Р.Македонија ,на нивен јазик и превод на македонски јазик. Преку овој проект стрипот уште еднаш се афирмира како погодно средство за ширење на историските и културолошки особености на определен етникум.СЦМ Велес и во иднина ќе подготвува стрипови кои ќе се бават со етничкото и културно потекло на етникумите кои што живеат на територијата наР.Македонија ,на нивен јазик и превод на македонски јазик. Од овој издавач сметаат дека финансиската поддршка од страна на државата треба да продолжи и натаму, зашто стрипот треба да биде присутен во секој град, секое училиште, секоја заедница

Од Стрип центарот од Велес го изразуваат задоволството бидејки ,Министерството за култура одамна го увиде континуираниот развој на македонскиот стрип и го зголемува бројот на финансирани стрип проекти, во моментов актуелна е издавачката дејност. Од страна на Стрип центар во оваа година еќе се издадени стрип книгите ; ХАВАНА САД од Гани Јакупи од Косово , РЕКВИЈЕМ ОД АВТОРИТЕ Марко Стојановиќ,Марко Николиќ и Дејан Ненадов (Србија) и 1990 -1999 ВИЗУЕЛНА ХРОНИКА НА МАКЕДОНСКИОТ СТРИП од Александар Стеванов , од Штип .

Треба да се потсетиме и на  ревијата „СТРИП КРЕАТОР “ бр 29 и 30 “единственото постојано стрип издание кај нас .Истото ја продолжи својата уредувачка политика , освен подобрите стрипови од традиционалниот Интернационален стрип салон , заслужен простор да добиваат и македонски автори од разни генерации

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Изложба на Зоран Арсовски во „Галерија – Белградска тврдина“

Академскиот сликар Зоран Арсовски – Бабата од Куманово е првиот македонски академски ликовен уметник кој …