Мајката на седум деца открила трик со кој годишно заштедува многу пари

Штедливата мајка на седум деца открила паметен трик со кој заштедува стотици евра годишно.
Како што споделила во една родителска група на Фејсбук, секогаш кога излегува со своите деца, подготвува пакети со храна за секое дете.
„Вака заштедувам куп пари а моите деца се забавуваат“, напишала таа.
Имено, кога со сопругот и седумте деца одат на кино или на патување, трошоците кои вклучуваат и билети брзо се искачува на над 750 евра.
Многу бргу, другите родители почнале да ја фалат нејзината идеја и рекле дека трикот е одличен ако не сакате да банкротирате.
„Јас дури купувами слатки на големо, па веќе гледам значителни заштеди“, коментира една мајка.
„Ако не го правам истото како вас, одамна ќе немав пари затоа што излегувањето со деца е премногу скапо“, рекол друг.
„Само сокот од кино е 3 евра. Замислете колку би платиле за сето ова во кино за седум деца “, додала трета.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дели пари на улица: Полицијата го бара мистериозниот добротвор

Британската полиција го бара мистериозниот добротвор, кој остава коверти полни со пари на градска улица …