Дневен хороскоп за вторник, 13.08.2019:Денеска сте посебно самоуверени – Го зборувате она што го мислите без страв дека ќе бидете погрешно сфатени!

Овој вторник клучниот момент е во попладневните часови, кога Месечината ќе влезе во Водолија и ќе ја истакне својата потреба за прочистување на минатото. Денеска сте посебно самоуверени и немате страв да бидете она што сте пред другите. Го зборувате она што го мислите без страв дека ќе бидете погрешно сфатени. Денеска ви е битно само она што вие го мислите. Внимавајте да не ги повредите луѓето околу себе со некои вистини кои ним не им се пријатни.
Ви посакуваме убав ден.

Овен
Работа
Нема потреба да се расправате за различни деловни визии и интереси. На вас е да спроведете нечии идеи за заеднички интерес.
Љубов
Изгледате среќни. Имате романтично расположение и сентиментална нота, а партнерот искрено сака да ве задоволи. Постојат многу сличности што ве поврзуваат.
Здравје
Проблеми со уринарниот тракт.
Бик
Работа
Некој го критикува вашиот стил или начин на работа, но нема причина да реагирате суетно. Внимавајте на корисните совети и прилагодете го однесувањето кон деловната динамика за која се залагаат блиски соработници.
Љубов
Важно е да не пропуштите нови или интересни настани што влијаат на вашето емоционално задоволство. Покажете благодарност за она што го добивате.
Здравје
Вие сте нервозни.
Близнаци
Работа
Делувате снаодливо во различни деловни средби, но чувствувате и дополнителна одговорност за вашите постапки. Имате впечаток дека се очекува да направите многу повеќе.
Љубов
Нема потреба да се прават избрзани ветувања. Партнерот внимателно го анализира вашето однесување. Прифатете искрен разговор и нечии коментари за подобро взаемно разбирање.
Здравје
Добро се чувствувате.
Рак
Работа
Размислувате за различни деловни понуди, но нема причина да брзате со завршните одлуки. Ако се грижите да постигнете извонредни резултати, земете неколку корисни совети.
Љубов
Партнерот може да делува многу енигматски и да остави чуден впечаток. Треба да зборувате искрено за некои недоразбирања што ве оддалечуваат.
Здравје
Потребен ви е одмор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ден кога е се можно: Полната месечина на 12. декември значително ќе влијае на нашите животи!

Во четврток, 12. декември 2019 година, имаме полна месечина, која астролозите сè уште ја нарекуваат …