Владо Георгиев на 23 август со концерт во Петровец, Будва

 Уште една убава, летна вечер во Петровец, Будва полна со музика, танц, медитерански вкусови и ритам се очекува во петок, 23 август.
Станува збор за традиционалната манифестација „Ноќ на Петровец”  која Туристичката организација на општина Будва ја организира со цел да го промовира прекрасниот дел од ова крајбрежје, кое нуди богата понуда на риба, вино и пиво, како и локални слатки специјалитети.
Во подготовката на богатата трпеза за посетителите во Петровац ќе се вклучат Здружението на жени од Будва, Здружението на готвачи од Црна Гора, невладината организација „Свети Стефан – мој дом” и Здружението за спортски риболов Ширн.
Програмата ќе започне попладне со спортски натпревари на вода, додека специјалитетите со морска храна ќе бидат достапни за гостите од 17 часот на платото пред Спомен-домот “Црвена комуна”.
Атмосферата во овој прекрасен крајбрежен град дополнително ќе се збогати со мелодиите на женската вокална група Хармонија од Будва. Во 20 часот на главната сцена, на шеталиштето под хотелот Палас, ќе настапи црногорскиот поп-рок пејач Милена Вучиќ,  додека главна звезда на вечерта, ќе биде познатиот пејач-текстописец Владо Георгиев кој ќе настапи пред публика во 22 часот.
Во план е и спектакуларен огномет кој ќе ги осветли островите Катиќ и Света недела, за крај на месец август.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дели пари на улица: Полицијата го бара мистериозниот добротвор

Британската полиција го бара мистериозниот добротвор, кој остава коверти полни со пари на градска улица …