(ВИДЕО) Најголемите ѕвезди на Холивуд во нова серија – погледнете го трејлерот!

Од серијата „The Morning Show” многу се очекува, не само затоа што станува збор за нов деловен потег во кој Apple TV+ се свртува кон скиптирани серии туку и порази ѕвездената екипа која го следи создавањето утрински емисии во американскиот ТВ етер.
Џенифер Анистон, Стин Карел и Рис Витерспун се главни ѕвезди на серијата која корисниците на новиот стриминг сервис ќе биде достапна од есен. Дека Apple и тоа како верува во проектот докажува и фактот дека веќе се договорени две сезони.

Анистон и Карел во серијата глумат сопружници и водителите Карен и Мич, а Витерспун нивна колешка и конкурнтка Бредли. „Јас сум новинар, можам да почувствуваат кога им требам. Чувствувам дека врискаат за искрен разговор“, вели Карел во трејлерот, а неговата ТВ сопруга Анистон го прекинува:„Погоди што? Америка ме сака“.
За Џенифер Анистон оваа серија означува големо враќање во светот на телевизијата. Иако накусо се појавила во серијата на Бен Стилер „Burning Love” во 2012. година, нејзината најголема телевизиска улога е онаа на келнерката Рејчел Грин во „Пријатели“ која се емитувала од 1994. до 2004. година.
Нејзината пријателка Рис Витерспун пак има свежо ТВ искуство – серијата „Big Little Lies” која ја продуцирала за ХБО постигнала со две снимени сезони глобален успех. Затоа Рис, заедно со Џенифер ќе го продуцира и „The Morning Show”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СЕКАДЕ Е ИСТО – Порака на соседите во Сплит станала хит на Фејсбук:„Поздрав неандерталци…“

ФОТОГРАФИЈАТА СО ПОРАКА на соседите од една зграда во Сплит предизвикала различни реакции после што …