(ФОТО) Рафаел Надал по 5. пат го освои Роџерс Куп

Рафаел Надал ја освои својата петта Роџерс Куп титула, победувајќи го Даниел Медведев (6:3,6:0) за само 70. минути.
33. годишниот Надал го освои купот, по трет пат во Монтреал. Првиот трофеј му беше во 2005. година на возраст од само 19. години против Андре Агаси, а вториот во 2013. Рафа го освои купот во Торонто во 2008 и 2018. година.
„Играв солиден меч, без сомнение мојот најдобар меч оваа недела. Многу работи направив како што треба, го менував ритамот, добро ги враќав сервисите…“, изјави пресреќниот Надал.


Второпласираниот светски рекет, шпанската ѕвезда рафаел Надал ја освои својата 83. титула и трета оваа година, после победата на земја во Рим и освојувањето на Ролан Гарос.
Тој го зголеми бројот на освоени титули на Мастерсите и дојде до бројот 35., две повеќе од првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ден кога е се можно: Полната месечина на 12. декември значително ќе влијае на нашите животи!

Во четврток, 12. декември 2019 година, имаме полна месечина, која астролозите сè уште ја нарекуваат …