(ФОТО) Двете холивудски ѕвезди ги изненадиле обожавателите!

„Ти ја повлекуваш маицата да ја откриеш тетоважата и тоа изгледа опуштено и секси. Ја повлекувам маицата и тоа изгледа како да јадам жена и деца…“
Актерот Рајан Рејнолдс на својот Инстаграм профил споделил фотографија со колегата Двејн Џонсон поради која неговите следбеници, барем за момент, останале изненадени.
На фотографијата се гледаат двајцата како ги повлекуваат своите маици за да се види дека и едниот и другиот имаат идентични тетоважи на градите.
„The Rock“ веќе подолго време има полинезиски трибал истетовиран на своите гради, но и Рајан изгледа дека ја направил идентичната или пак слична тетоважа.

View this post on Instagram


I can only imagine how upset I was to discover this. #HobbsandShaw @therock #Rebecca

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds) on


Иако постојат големи шанси неговата тетоважа да е привремена, објавата добила многу коментари.
Меѓу најинтересните бил одговорот на Двејн:
„Ти ја повлекуваш маицата да ја откриеш тетоважата и тоа изгледа опуштено и секси. Ја повлекувам маицата и тоа изгледа како да јадам жена и деца“.
Рајан исто така објавил и фотографија од ланчето во облик на срце со натпис “најдобри пријатели“ и ставил ознака „The Rock“ за да биде сигурен дека сите знаат кој му е најдобар пријател.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …