(ВИДЕО) ДРАМА ВО ЦРКВА – МОРНИЧАВА КРШТЕВКА ВО РУСИЈА: Попот „мавтал“ со бебето па го повредил…

Рускиот православен свештеник Фотиј Нечепоренко (55), кој служел во црква во Гатчина кај Санкт Петербург, бил суспендиран една година откако се појавило видеото на кое се гледа како „мавта“ со бебето за време на крштевањето, додека новороденче врескаше како од хорор.
Детето имало многу гребнатини на вратот и на рамената, пренесува Daily Mail.

Вознемирената мајка Анастасија Алексеева (24) се обидела да интервенира за да го земе своето дете од „избезумениот“ свештеник. Сепак, тој одбил, а во борбата да го зграби бебето од раце, неговата мајка си го запалила шалот оф свеќи.
Алексеева напоменала дека детето по ова страшно крштевање доживеало стрес.
“Тој ги повреди вратот и рамената на моето бебе. Оттогаш, моето бебе е исплашено и редовно има напади на паника и хистерија”, рекла вџашената мајка.
Откако и го вратил нејзиниот плачлив син Демид, свештеникот и рекол дека веќе 26. години ја извршува својата работа.

“Тој направи се од себе за да го повреди бебето. Тој виде дека бебето е големо и не може да се натопи во толку мал сад. Можеше да попрска вода на главата на бебето, но не сакаше. Тој продолжи по свое. Малечкиот плачеше, а јас се исплашив и истрчав кон него за да го земам своето бебе од неговите раце. За малку се запалив во таа пригода бидејќи пламенот на свеќата ми ја зафати шамијата“, додала Алексеева.
Новинската агенција Фонтанка објавила дека церемонијата на крштевање, која чинела 3.500 рубли (околу 50. евра), наликувала на садистичка вежба, а бебето добило гребнатини и модринки.
Пред да биде суспендиран, свештеникот се бранеше и ја обвинил „силната емоција“ на неговата мајка.
„Па, што се случи? Ништо, и воопшто не сум виновен. Мајката премногу емотивно реагираше. Таа е личност без црковно искуство, не беше подготвена за крштевање на бебето“, рекол суспендираниот свештеник.

Екран.мк/Daily Mail
Фото: Printscreen/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) УБАВА ПРИКАЗНА ЗА УБАВО ПОПЛАДНЕ: Мајката не можела да го смири бебето во авион па работите ги презел стјуардот!

ПРВИОТ лет со авион со мало дете е доста стресен, особено ако бебето е исто …