(ФОТО) БРАВО – ТРЕБА ДА УЧИМЕ ОД НИВ: Несекојдневна петиција во Врање против Лепа Брена: Не сакаме нејзин концерт, поправете ги школите и тоалетите!


Лепа Брена не е пожелна на културната манифестација Денови на Врање, што се одржува од 22. до 25. август, затоа што некои граѓани сметаат дека е премногу скапо!
Затоа тие покренале петиција за да го спречат нејзиниот концерт и да ги пренаменат парите, што таа ги става во џеб, во болници и училишта, па дури и тоалети!
Пред неколку дена официјалната веб-страница за потпишување на петиции го добила барањето да се запре настапот на фолк дивата во Врање, што е закажан за 23 август. Незадоволните граѓани од југот на Србија сметаат дека организаторот на настанот – Туристичката организација Врање и покровителот Град Врање ги троши нивните пари на непотребни работи.

Како што велат, овој традиционален културен настан може да се одржи и без популарни пејачи и да има други приоритети – како што се реновирање на училиштата, болниците и тоалетите на тие установи. Тоа е причината зошто еден Врањанец покренал онлајн петиција за да го спречи појавувањето на Брена, а досега собра само педесет потписи.

„По повод настанот ‘Денови на Врање’ да не се носат Лепа Брена и сите други пејачи кои имаат високи побарувања и цени, туку да се инвестира во болници, училишта и во нашиот град. Додека училишните и болничките тоалети се во хаос, а болничките услови се на минимално ниво, можеме да го слушаме Брена и на радио. Исто така, ги повикувам другите градови да се вклучат во акцијата и да помогнат да ги ставаат парите на својот град во корисни и вредни работи. Како автор, навистина не знам колку гласови се потребни, кој го забележува тоа, на кого страната му го пренесува тоа, дали ќе вроди со плод, и чии или од кои земји важат гласовите. Но, секако сум благодарен на вас што ја потпишавте и ја споделивте петицијата на вашите профили на социјалните мрежи“, се вели во барањето на неименуван автор.
Секој потписник на петицијата е исто така во можност да напише свое мислење, што повеќето и го направиле.
„Се согласувам со горенаведеното во петицијата. Лепа Брена е нешто што на овој град му треба последна. На овој град првенствено му се потребни подобри услови за живеење, подобри услови за живот во секоја смисла. Дали луѓето кои јадат паштета овде секој ден и работат помалку од 20.000 динари месечно (помалку од 200 евра), треба да одат и да гоочекуваат нејзиниот концерт?“, прашува еден потписник.
ПР тимот на Лепа Брена засега не се изјаснил по повиод петицијата.
Инаку, лиѓето во Врање се лути бидјеќи и термините на „Денови ан Врање“ биле со поместен датум за да тоа и одговара на големата ѕвезда за да во врање настапи на 25. август а веќе следниот ден во Лесковац на „Роштилијада“.
15.000 евра е цената на Брена за настап на плоштадите
На 6 август беше објавена петиција
Досега се собрани 54 потписи против нејзиниот настап

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НОВ СЛУЧАЈ – Кина: На пакување замрзната храна е пронајден корона вирус

Во јули, цариниците на Далијан пронашле коронавирус на пакет замрзнати ракчиња… Вирусот е пронајден на …