Прекрасен гест на ѕвездата на Ливерпул: Расплаканото момче ова ќе го памти цел живот!

Фудбалерите на Ливерпул се подготвуваат за УЕФА Суперкупот кој во среда ќе се игра во Истанбул.
Ливерпул со победа ја отвори новата сезона на Премиерлигата, а само што го архивирале Норвич, Редсите морале на тренинзи за новиот предизвик кој ги чека.
Станува збор за првиот трофеј во сезоната и натпреварот на УЕФА Суперкупот каде како освојувачи на Лига на прваците во среда во Истанбул ќе играат против победникот на Лига на Европа, Челзи.
Еден обичен ден за фудбалерите на Ливерпул засекогаш ќе памти нивниот 11. годишен навивач.


Луис Фоулер дошол пред Мелвуд, спортскиот центар и камп на Ливерпул и таму многу сакал да го запознае Мохамед Салах.
Кога видел дека Еѓипјанецот доаѓа со својот автомобил, потрчал по него, паднал и го раскрварил носот.
Салах не се однесувал како размазена ѕвезда, го запрел автомобилот, му помогнал на детето, а потоа и се фотографирал со него. Луис не се надевал дека на овој начин ќе го запознае својот идол, но дефинитивно овој момент ќе го памти цел живот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ПРИТВОР ИЛИ СЛОБОДА: Боки 13 во притвор а секојдневно „лиферува“ информациите надвор од „Шутка“

Кога некој е во притвор обично се мисли дека е изолиран и нема пристап до …