(ВИДЕО) Овој документарен филм на „Нетфликс“ е најголем ноќен кошмар на секој родител:Однесување на дете оставено само дома!

Филмот „Пиху“ на „Нетфликс“ е најголем ноќен кошмар ан секој родител. Дејствието е концентрирано на две годишно девојче кое, откако татко и оди на службен пат, мора сама да се грижи за себе, а мајката не се буди.Куќата во тој момент за девојчето претставува замка на смрт бидејќи не е свесна за опасностите.

Сцените во кои малечката Пиху се симнува по скалите, се затвора себеси во фрижидер и се качува по полиците кај гледачите рпедизвикале морници. Вознемирувачкиот филм се темели на вистинска приказна од 2014. година, а режисерот Винод Капри признал дека било крајно тешко да се снима.
“Не можете да направите дете да глуми. Ние поставивме камери насекаде и дозволувавме да се справи со секојдневниот живот. Поминав два месеци со неа, станавме семејство. Ако имате дете, треба да го гледате овој филм”, вели тој.

Многумина се прашуваат како филмската екипа воопшто отидшла да го снима филмот, додека други признале дека плачеле откако го гледале.
„Имам ќерка која има две години. Јас плачев барем три пати“, вели еден корисник на Интернет.
„Ако имате слабо срце, не го гледајте филмот. Толку е вознемирувачката Пиху“, вели третиот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најубава посна бајадера со лешници: Може да стои и’ една недела а не го менува вкусот!

Кој вели дека не може да се ужива во деновите на пост? Состојки: 150 мл …