(ФОТО) АПЕЛ ОД ТАТКО: Мојот син почина поради премногу кофеин – бидете внимателни што ви пијат децата!

Лажичка чиста кофеин во прав содржи дури 5000 милиграми кофеин, доза што може да биде смртоносна. Две лажички е исто како да пиете 70 лименки Ред Бул одеднаш, предупредуваат експертите

Лахлан Футе за неколку дена требаше да наполни 22. години кога неговите родители го нашле мртов на подот на бањата, во семејниот дом западно од Сиднеј. Тоа било на новогодишниот ден, а неговиот татко Најџел Футе денес често и искрено зборува за смртта на неговиот син, надевајќи се дека може да „спаси нечиј живот“.
Поточно, неодамна пристигна извештај од обдукција, според кој се заклучува дека Лахлан починал откако не знаејќи конзумирала смртоносна доза кофеин, според неговиот татко. Тој пиел протеински шејк со преголема доза чист кофеин, што е еквивалентно на околу 50 шолји кафе. Покрај тоа, инаку здравиот млад човек напишал во својот последен весел статус на Фејсбук, ноќта кога починал, дека шејкот што го испилбил малку горчлив, пренесува Daily Mail. .

Gepostet von Lachlan Foote am Montag, 10. August 2015

„Мислам дека мојот протеин во прав ‘ме напука’. Направив шејк против мамурлак и беше вкусно“, напишал Лахлан во 2,07 часот и се збогува од друштвото: ‘Се гледаме наутро’.
Само неколку часа после тоа бил мртов. Неговото семејство сега ја споделува приказната за да ги предупреди луѓето за опасностите од консумирање на вакви пијалоци, додека неговиот татко тврди дека само една лажичка од овој прав е доволна за да предизвика смртоносни последици.
Инаку, кофеинскиот прав во голема мера се додава во енергетските пијалоци и се продава како дел од додаток во исхраната, но кога се комбинира со некои лекови или храна што исто така го содржат, може да биде многу опасен по живот. Пиењето кофеин во комбинација со алкохол претставува „огромен притисок на телото“ и може дури и да маскира некои од ефектите на алкохолот.
Лахлан го пиел својот пијалок богат со кофеин откако се вратил дома и откако се дружел со пријателите. За родителите е мистерија каде го набавил, но татко му верува дека го добил од пријател или колега.
„Лахлан веројатно никогаш не ја прочитал ознаката за предупредување на пакувањето и не бил свесен за моќта на напивка“, напишал неговиот татко на Фејсбук. Тој потсетува дека било тешко да се чека извештајот од обдукцијата. Во него се наведува дека резултатите од тестот на крвта покажуваат дека младиот човек немал незаконски материи во крвта и дека тој вечерта не пиел многу. Поточно, нивото на алкохол во крвта било под 0,05 ppm.
Ожалостениот татко објави на Фејсбук дека не го обвинува оној кој му го дал тој прав на неговиот син, бидејќи веројатно не знаеле колку е опасно.
„Скандалозно е што овој производ не е забранет во Австралија“, напишал тој.
Според експертите на универзитетот Корнел, само една лажичка чист кофеин во прав содржи дури 5000 милиграми кофеин, што може да биде смртоносно. Мешање на две лажици прашок во пијалок е исто како и да пиете 70 лименки Red Bull истовремено, што може да ве убие, се вели во информативниот леток.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најубава посна бајадера со лешници: Може да стои и’ една недела а не го менува вкусот!

Кој вели дека не може да се ужива во деновите на пост? Состојки: 150 мл …