(ФОТО) Новата сезона на популарната серија се бави со секс аферата помеѓу Левински и Клинтон

Третата сезона на популарниот серијал „American Crime Story” ќе се бави со секс аферата на Моника Левински и бившиот американски претседател, Бил Клинтон, поради која отстапил од функцијата, објавил во вторникот на презентацијата во Беверли Хилс, претставникот на FX Networks.
Бившата припадничка во Белата куќа, Моника Левински е една од продуцентите на новата сезона од серијалот под наслов „Impeachment: American Crime Story”.
Снимањето ќе започне во февруари наредната година, а во Соединетите Држави премиерно ќе се прикаже на 27. септември 2020. година.

Извршниот продуцент Рајан Марфи на изборот на темата го инспирирал бестселерот на Џефри Тобин од 1999. година „A Vast Conspiracy: The Real Sex Scandal that Nearly Brought Down a President”. Сценариото ќе го напише Сара Бурџес.
Моника Левински во серијалот ќе ја глуми Бени Фелдстеин (“Booksmart”, “Lady Bird”), а Линда Трип, нејзината бивша колешка која ги снимила разговорите и овозможила да се разоткрие аферата со тогашноот претседател, ќе ја отелотвори глумицата Сара Пулсон (“Glass”, “Ocean’s 8”).Енилајт Ешфорд ќе ја глуми Пола Џонс.

Втората книга на Тобин, „The Run of His Life: The People v. O.J. Simpson”, послужила како предлошка за првата сезона на серијалот „The People vs OJ Simpson”, која публиката одлично ја прифати,а глумците Куба Гудинг Јуниор и Сара Пулсон за улогите се наградени со Еми.
И првите две сезони на серијалот „American Crime Story” се бавеле со вистинити настани а освоиле вкупно 16. награди Еми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ПРИТВОР ИЛИ СЛОБОДА: Боки 13 во притвор а секојдневно „лиферува“ информациите надвор од „Шутка“

Кога некој е во притвор обично се мисли дека е изолиран и нема пристап до …