Дневен хороскоп за среда, 07.08.2019: Денешниот убав аспект ни донесува успеси, мотивација, оптимизам и енергија – преиспитајте ја врската и не бидете своеглави!

Оваа убава августовска среда не дочекува тригонот на Јупитер и Сонцето. Овој убав аспект ни донесува изобилие успеси, мотивација,оптимизам и енергија која е надмоќна над околностите кои не кочат. Посебно добар ден за сите оние кои сакаат високи цели, амбициозни и упорни, вредни и работливи лица. Авторитетите ќе запознаат квалитет во вас, посебно машките фигури. Нагласена племенитост и емпатија, потреба да помогнете. Планирајте патување, пократко или подолго,сеедно.Летото е во полн ек, искористете ги убавите денови.
Ви посакуваме убав ден!
Овен
Работа
Не сте во најдобро расположение и ќе ги одложите состаноците за следниот ден. Обидете се да се концентрирате и бидете внимателни да не направите грешка.
Љубов
Страсната афера во која се наоѓате е во сериозна криза. Не ја наметнувајте одговорноста на вашиот партнер.
Здравје
Склоност кон вируси.
Бик
Работа
Ако соработувате со некоја личност во знакот на Лав, слободно дајте им ја целата одговорност. Можни се неочекувани трошоци.
Љубов
Денес не сте расположени за љубовни разговори и вечерта ја поминувате во друштво на пријатели. Промената ќе ви се допадне.
Здравје
Можни се алергии.
Близнаци
Работа
Позитивниот став ќе ви помогне да надминете сериозни пречки. Бидете упорни и успехот е загарантиран.
Љубов
Партнерот со кој сте во кавга ќе најде начин да стапи во контакт со вас. Заборавете на гордоста и дајте му шанса.
Здравје
Одржувајте ја кондицијата.
Рак
Работа
Избегнувајте големи инвестиции бидејќи може да сте превиделе некоја ситуација. Неповолен ден за оние што се занимаваат со приватен бизнис.
Љубов
Денес ќе видите дека животот е полн со изненадувања. Ќе ве заведе личност за која никогаш не сте сонувале дека имате такви намери.
Здравје
Променливо расположение.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ИНТИМНА ЦЕРЕМОНИЈА – Случајна минувачка во Њујорк снимила несекојдневна венчавка: Само младенците и матичарот!

Кога случајната минувачка Невона Фридман шетала преку Бруклинскиот мост во Њујорк, не се надевала дека …