Фотографијата од поставата на „Модерно семејство“ покажува колку се промениле за 10. години

Десет години е многу време за на телевизија – посебно кога целиот свет гледа како пораснувате пред екранот.
Додека хит ситкомот „Модерно семејство“ се подготвува за емитување на 11. воедно и последната сезона на шоуто, Тајлер Фергусон (Мичел Принчет) на Инстаграм споделил фотографија која прикажува колку поставата се променила од почетокот на серијата во 2009. година.
И’ двете фотографии ги снимил кокреаторот на серијата Стиви Левитан. Во соопштението кое потврдува дека ова навистина ќе биде последна сезона на серијата, претседателката на АВС мрежата, Кери Бурк,ги пофалила творците на шоуто Левитан и Кристофер Лојд.

„Крис и Стиви створија една од најсмешните и најзабавните комедии во телевизиската историја. Во својата последна сезона ќе имаат повеќе пресврти отколку што тоа би сакал да го пропушти било кој фан на серијата“, рекла Бурк.
Една од глумиците која се прославила со серијата, Ариел Винтер (Алек Данфи) неодамна признала дека е возбудена бидејќи на серијата и доаѓа крај. „Чудно е да се помисли дека се ближи крајот“, рекла 21. годишната глумица за The Hollywood Reporter. „Тешко ќе биде да се простиме и тешко ќе биде да се замине но возбудена сум поради новите работи. Возбудена сум поради новите улоги и работите кои претставуваат малку поголем предизвик“.
Сара Хиланд која во серијата ја глуми нејзината постара сестра Хејли, неодамна објавила веридба со бившиот натпреварувач од шоуто US Bachelorette, Велс Адамс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СЕКАДЕ Е ИСТО – Порака на соседите во Сплит станала хит на Фејсбук:„Поздрав неандерталци…“

ФОТОГРАФИЈАТА СО ПОРАКА на соседите од една зграда во Сплит предизвикала различни реакции после што …