Од Франција, преку Бразил и САД, луѓе од цел свет уживаат во гласот на Охридското езеро!

По само петнаесеттина дена откако стартуваше, сајтот„Гласот на Охридското езеро“ (http://glasotnaezeroto.mk/) забележа над пола милион посети!

Над 200.000различни посетители од земјава, но и ширум светот, луѓе од Европа, САД, Бразил… досега имаа единствена можност да уживаатво иновативната музичко-технолошка авантура „Гласот на Охридското Езеро”.Да слушнат како звучи најстарото езеро во Европа, да ја почувствуваат неговата сила и нежност, да се уверат во неговата убавина и уникатност. Секој на свој начин да го доживее езерото, да посака да биде блиску до него!

Целта на проектот е да непотсетина убавините на Охрид и Охридското Езеро, и да ни влее порив за негово зачувување. Иницијатор на проектот е Македонски Телеком, а произлегува од долгогодишното пријателство со едната од трите врвни европски културни манифестациифестивалот „Охридско лето“.

 

„Гласот на Охридското Езеро” праќа порака до секој од нас, дека технологијата е создадена и се развива за добри нештадека го збогатува секојдневниот живот, дека овозможуваличен и професионален развој. Но и дека со помош на технологијата може да се создаде величествена и оригинална уметносткоја ќе остане во трајно наследство за идните генерации.

Едно е сигурно – овие аудио-визуелни записи ќе останат како културно сведоштво за еден хуман и општествено одговорен обид на Македонски Телеком да помогне во зачувувањето на природните и културните национални богатства.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонската пијанистка Ана Велиновска ќе свири на Луцерн Фестивал и Звуци на Алпите во Швајцарија

Македонската пијанистка Ана Велиновска ќе свири на фестивалот Звуци на Алпите, во срцето на швајцарските …