Мажите родени во овие знаци на зодијакот се најдобар „материјал“ за врска

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
И’ додека од некои мажи е најдобро да се избега без свртување, мажите родени во овие хороскопски знаци се вистинска добивка на Лото.
Тие никогаш не биле големи женкари на кои целта им била да соборат квантитативни рекорди кога станува збор за бројот на партнерките, туку сакаат да се скрасат со некој кој им одговара и со нив да го минат остатокот од својот живот.
Мажите родени во следните три знаци се најдобар „материјал“ за врски…
Рак
Исто како и повеќето девојки, мажите родени со знак на Рак од пубертетските денови размислуваат за нивната свадба и за нивниот идеален партнер. Најмногу ги привлекуваат грижливите жени кои негуваат силни семејни вредности како нив и се подготвени да го поминат остатокот од својот живот со иста личност.
Бик
Иако е многу темпераментен, Бикот е крајно нежен и има тенденција да му угоди на партнерот. Дури и кога врската наидува на пречки, тие не се откажуваат и се борат, особено ако забележат дека нивниот партнер исто така се грижи за зачувување на врската. Нив најмногу ги привлекуваат силните жени со високо ниво на амбиција и оптимистички дух.
Јарец
Јарците не се љубители на промени. За нив е исклучително важно да најдат партнер кој ќе биде погоден за нив и со кого ќе можат да продолжат да напредуваат и да дејствуваат во животот. Нив многу ги привлекуваат самохрани и сериозни жени кои знаат што сакаат и одамна излегле од детските фази.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Пар „остарел“ 70. години за само 5. минути

Ова е секако еден од најтрогателните клипови што се појавил во последно време и многу …