(ВИДЕО) МАЖОТ ЈА ТРУЕЛ ЦЕЛА ГОДИНА А ДОБИЛ САМО 60. ДЕНА ЗАТВОР: После неговото кафе секогаш и било лошо па поставила камера и го „фатила на дело!“

Секојпат кога нејзиниот сопруг ќе и донел кафе, Тереза Козловски од Мичиген би се разболела. За да го разреши овој чуден феномен, таа одлучила да постави скриена камера во нејзиниот дом, а тоа што го видела ја шокирало.
На снимката, јасно може да се види дека нејзиниот сопруг Брајан секој пат додава некоја течност во пијалокот, што подоцна се покажало како антихистамин, пренесува Metro.


Тој ја труел од 2018. година, а Тереза вели дека по конзумирањето на отровниот пијалок, таа би се чувствувала уморна, слаба и со заматен вид, што ја натерало да се посомнева дека нејзиниот сопруг сакал да ја убие. Таа исто така рекла дека една пригода возејќи автомобил скоро заспала.


„Чувствував ужасен студ, како да ме лови опасен предатор, но во овој кошмар, предаторот беше Брајан“, рекла Тереза, опишувајќи го моментот на откривање на вистината. Адвокатот на Брајан рекол дека обвинетиот се покајал и рекол дека сторил сè заради „грдиот развод низ кој поминувале“.
Тој е осуден на само 60. дена затвор, што го налутило обвинителот.
„Неверојатно е дека некој што сторил такво кривично дело, кој го загрозиа животот на неговата сопруга и многу други, добила таква блага казна и може слободно да се движи.Имаме среќа што жртвата не заспала додека се возела со автомобилот, што можело да предизвика нејзината смрт или смрт на други“, рекол обвинителот Ерик Смит.

Екран.мк/Metro
Foto: Принстскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …