(ВИДЕО) ХОРОР НА УЛИЦИТЕ ВО ИНДИЈА: Се излеала река полна со крокодили кои пливаат низ поплавените градски улици – евакуирани илјадници луѓе

Според наводите на градската полиција, имало четири инциденти со крокодили во населените области…
Крокодили се појавиле на поплавените улици во индискиот град Вадодара, каде поради сериозните врнежи во последните 24. часа настрадале пет лица, соопштуваат локалните власти.
Главната железничка станица во градот на западот од Индија денеска е затворена поради вода, а исто така се затворени и неколку улици. Превентивно евакуирани се околу 5000 луѓе бидејќи нивните домови се наоѓаат во близина на реката Вишвамитри, полна со крокодили и други рептили.

Крокодилите биле забележани во некои поплавени делови од градот со 1,2 милиони жители.

Според наводите на градската полиција, имало четири инциденти со крокодили во населените области. Во Индија, оваа година во монсунските дождови настрадале 460 лица.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЈНА ЗА СРЕЌЕН БРАК – НА ДЕНОТ НА ВЕНЧАВКАТА МИ ГО КАЖА ОВА И МНОГУ И БЛАГОДАРАМ: За 30. години брак не сум имала ниту еден проблем ниту со мажот ниту со децата!

Сопругот е прекрасен, а децата се образовани и успешни Ако вашиот семеен живот ПУКА ПО …