(ФОТО Галерија) Хајди Клум се омажи за 17. години помладиот гитарист!

Манекенката на италијанскиот остров пристигнала во друштво на 17. години помладиот гитарист Тим Каулитз за кого тајно се омажила во февруари. Парот вчера во кругот на семејството и пријателите на островот Капри го прослави својот брак…

Еден од најпознатите топ модели Хајди Клум (46) вчера пристигнала во Италија каде и се омажила. Клум брачните завети ги размени со 17. години помладиот гитарист Том Каулитз (29) од германската група „Токио Хотел“.

Хајди и Том на островот пристигнале со брод. Манекенката блескала во бел долг фустан од чипка, а Том облекол сини панталони, светлосина кошула и темнозелено палто. Изгледале среќно, се смеле и пиеле шампанско, а папараците ги снимале и како разменуваат нежност.

Кога бродот пристигнал младенците со помош на обезбедувањето излегле од бродот, а со друг брод бргу пристигнале и нивните пријатели.
Прославата се преселила во ресторанот „Рицио“. Се дружеле на терасата..

Да потсетиме, Хајди и Том веридбата ја обелодениле околу Божик а манекенката веднаш се пофалила со голем дијамантски прстен.
Иако многумина сметале дека разликата во години ќе ги раздели овој пар ги победил сите предрасуди.

На невестата ова ќе и биде трета браќна среќа. Хајди пет години, од 1997. до 2002. година била во брак со австралискиот глумец Рик Пипин. Три години пооле разводот повторно се омажила за пејачот Сил (56). Во брак минале девет години и добиле три деца – ќерката Лоу (9), и синовите Хенри (12) и Јохан (12). Со бившиот дечко, италијанскиот бизнисмен Флавио Бриаторе (69) ја добила ќерката Хелена (15).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …